256 битолчани во самоизолација, а 18 во контролирана изолација

Март 30, 2020

Во Битола до вчера имаше 256 битолчани кои се во самоизолацијата и други 18 лица кои се во контролирана изолација, па ги проверува и полициска екипа, соопштија за Апла.мк од СВР Битола. Во оваа статистика не се вклучени нашинците кои се во карантин во два хотела во Битола. На ниво на Секторот за внатрешни работи-Битола, кој опфаќа шест градови меѓу кои Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод во изолација има вкупно 648 граѓани. 

Ж.З.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани