2win800x200

Почина маж во Битола, неофицијално бил во самоизолација

Март 30, 2020

Починато машко лице било пронајдено денес во стан на улица „Димче Лахчански“ во Битола. Веста дигна голема прашина на социјаните мрежи и меѓу жителите на Битола. Засега има само неофицијална информација дека починатото лице било во самоизолација.

Од полција само ја потврдуваат смртта и тоа дека направиле увид и работат на расчистување на случајот.

 

На социјалните мрежи и дел од порталите прво се пишуваше дека човекот бил повратник од Канада, а потоа беше корегирано дека бил од Англија. Во меѓувреме додека недостигаат официјални податоци, се шират различни информации.

Бидејќи човекот живеел сам, била повикана и Противпожартната единица од Битола да ја отвори вратата. Од Пожарната велат дека отишле на улица „Димче Лахчански“, но бидејќи немале заштитна опрема во случај да има заболен во станот, не се обиделе да ја отворат и влезат внатре. Но, кажуваат дека на местото дошла медицинска екипа и полиција. Во станот лицето било мртво.

Од вестите кои се шират на интернет, а не се потврдени е дека лицето 13 дена било во изолација. Нема информации од што починало.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани