2win800x200

Во Битола нема новозаболени од корона

Април 01, 2020

Во Битола нема ново дијагностицирани пациенти од коронавирус. Министерот за здравство Венко Филипче не ја спомна Битола меѓу градовите со ново заболени лица. Во Битола останува истата бројка како вчера на вкупно 4 лица болни од Ковид 19. 

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  354 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

             Скопје – 183

             Куманово – 54

             Дебар – 47

             Штип – 15

             Прилеп – 12

             Тетово -13

             Струга – 9

             Велес – 6

             Битола – 4

             Охрид – 3

             Кавадарци – 2

             Гостивар – 1

             Гевгелија – 2

             Струмица- 1

             Крива Паланка – 1

             Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 2.

Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани