ЗАБОЛЕН ДОКТОР ОД ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА ВО ДЕМИР ХИСАР, ПСИХИЈАТРИТЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

Април 02, 2020

Доктор од Прилеп кој работи во Психијатриската болница во Демир Хисар е заболен од коронавирус, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Бидејќи докторот бил во контакт со колегите психијатри направени им се епидемиолошки анкети и тие упатени се на самоизолација.

„Заболениот е асимптоматски случај, имал семејна анамнеза епидемиолошка значи позитивни членови од семејството на вирусот. Направен е тестот и тој е позитивен со оглед на тоа дека бил во контакт со колегите од Болницата во Демир Хисар , преку Центaрот за јавно здравје во Прилеп направени се епидемиолошки анкети и преземени мерки, препорака за самоизолација на психијатрите од Болницата“, рече Филипче.

Денес Министерството за здравство заедно со психијатрите од Клиниката за психијатрија во Скопје ја организираа работата во болницата во Демир Хисар. Психијатри од Битола и Прилеп ќе бидат прераспределени и ќе ги заменуваат колегите во Демир Хисар до завршувањето на самоизолацијата. По потреба ќе бидат вклучени и псхијитарите од Охрид, Кичево,Гостивар и Тетово. Воедно ќе се затвори и Центарот за ментално здравје во Прилеп кој го управува Психијатриската болница во Демир Хисар.

Министерот запрашан дали ќе биде побарана одговорност од раководството на Болницата во Демир Хисар каде има 600 пацинети и медицински лица, поради индиции дека заболениот лекар одел на работа, а имал симптоми, Филипче одговори дека треба да се направи точен увид што се случувало.

„Нашите податоци од анкетата се дека станува збор за асимптоматски случај кој имал позитивна семејна анамнеза, значи позитивни членови од семејството на вирусот и тоа е индикацијата за тестирање. Немаше информации дека е нешто различно, но доколку се утврди така исто како што постапивме при претходните случаи во Струга, Охрид, Државниот санитарен и здравсатвен иснпекторат целосно ќе го испита случајот“, рече Филипче.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани