2win800x200

ПРУГАТА ОД БИТОЛА ЗА ГРЦИЈА ЌЕ ЈА ГРАДИ АВСТРИСКА ФИРМА

Декември 22, 2017

За недоизградената пруга од Битола за грчка граница ќе се води судски спор, најави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој не прецизираше против кого ќе биде поведен спорот, но рече дека веќе имало дејствија за откривање на одговорните лица кои не го завршиле проектот.

„Судска постапка ќе се води во делот на одговорноста. Сѐ што имаме поврзано со овој случај доставуваме до органите на проганот. Тие малверзации ги открива обвинителството“, рече Сугаревски.

 

Пругата ја градеше бугарски конзорциум од фирми, но не им исплатија на фирмите подизведувачи, а работниците прекинаа со работа. Некои од нив го тужеа бугарскиот конзорциум пред судот во Софија. Беше изграден само еден километар од предвидените 17 километри пруга за што беа потрошени околу 4,5 милиони евра, пари обезбедени од ЕУ фондовите.  

По раскинувањето на договорот со бугарскиот конзорциум, беше распишан нов тендер на кој за изведувач се избра австриската компанија „Штрабаг“ која во текот на следната година ќе има обврска целосно да ја изгради пругата. Во спротивно останатите 14 милиони евра, европски пари, ќе пропаднат зашто лимитот за искористување е до  крајот на идната година.

„ Во однос на железничката пруга потпишан е договор со изведувач и очекуваме да отпочнат тие активности кои следната година би финиширале и би добиле железнички правец кој би не поврзал со Република Грција“, рече Сугарески.

Покрај изградбата на пругата кон Грција, тој најави дека се подготува и проектна документација за изградба на експресен пат од Прилеп за Битола до граничниот премин Меџитлија. Но, не сакаше да прецизира рокови. Во меѓувреме на пролет ќе почне реконструкција на постоечкиот пат од Битола за грчка граница за што се обезбедени 2 милиони евра од Европската банка.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани