Никого не измамив, земав пари од лихвари за да преживеам, се бранела Соња ТАТ пред судот

Декември 23, 2017

 На 3,5 години затворска казна е осудена поранешната сопственичка на пропаднатата штедилница ТАТ, Соња Николовска  за продолжено кривично дело „измама“, со пресуда на битолскиот Основен суд од март 2015, потврдена и од Апелациониот суд во Битола во септември истата година. Исто така, таа е задолжена да ги плати судските трошоци, како и да ги врати парите во вкупен износ од 565  илјади евра со камата на 4 лица кои ги измамила во 2005,2006 и 2007  година.

Образложението на пресудата на Основниот суд е на 36 страници, а Апелација својата одлука ја образложува на 14 страници.

Таа во 2005 и 2006 година, од  В.Ч, од Кравари позајмила 300 илјади евра, од А.Ф од Битола 250 илјади евра, од М.С. од Битола, поранешен штедач во пропаднатата штедилница ТАТ, позајмила 12 илјади евра, а од нејзин прв братучед, Н.Ф во 2007 година позајмила  2100 евра и 6000 денари. Парите од оштетените ги земала во неколку наврати.

На првите тројца,  на иденичен начин, лажно им прикажаувала дека има имот и пари, дека со пресуда од судот за човекови права во Стразбур е ослободена од кривично гонење и ќе земе милионски суми од државата, дека вратено и е златото во вредност од 1 милион долари и дека со инвеститор од Израел ќе ја рестартира поранешната Свиларница. Еден од измамените,  пак,  прифатил да и биде ортак во бизнисот.

 На братучедот, пак, му рекла дека парите и се потребни за операција на нејизниот сопруг, кој како што тврдела е во тешка здравствена состојба, иако тој во моментот се наоѓал  во манастирот Св. Јован Бигорски, но, заради нарушено психичко здравје.

Со вакви искази оштетените пред судот објаснувале зошто и ги дале парите. Првите двајца посочиле дека за да и поверуваат, таа развивала семејно пријателство, често одела кај нив дома, а исто така и тие доаѓале во нејзиниот дом. Откако сфатиле дека нема ништо од нејзините ветувања за рестартирање на фабриката, почнале да вршат притисок врз неа за да им ги врати парите, оти  во спротивно ќе ја пријават. Но, Николовска продолжила со приказните, па дури ги користела и своите деца. Ги испратила оштетените во Солун со нејзината ќерка, со тврдење дека има пари во грчки банки, и дека со полномшно ја овластила ќерката да ги повлече и да им ги врати на В.Ч и А.Ф. Но, откако прошетале по неколку банки во Солун заедно со адвокат ангажиран од Николовска, дошле до сознание дека таа не била клиент во тие банки.

 Оштетените пред судот тврделе дека Николовска во време кога од нив позајмувала пари, нејзината повозрасната ќерка,  студирала во Солун, синот на приватен факултет во Скопје, а за превоз користела такси, но и џип рената-кар. Едниот од нив, рекол дека се срами што и поверувал и дека го молел семејството да му прости затоа што бил наивен. 

Николовска пак пред судот изјавила дека првите тројца од кои позјамила пари се лихвари на кои им  ги враќала со огромни камати, но тие постојано измислувале нови долгови, и се заканувале, ја уценувале, па дури ја киднапирале неа и нејзината ќерка. Тврдела дека не постои ниту еден документ кој ќе го потврди износот за кои тие ја товарат. Според неа од В.Ч. зела  30 илајди евра и со камата од 12 проценти месечно му вратила 100 илјади евра, со што го исплатила долгот. Од А.Ф зела 20 илјади евра,  а му вратила 50 илјади евра.

Негирала дека им ветувала партнерство и дека ќе ја рестартира Свиларницата, ниту пак дека има имот или сметки во странски банки, а не споменла никаква пресуда од Стразбур. Пред судот дала исказ дека парите ги позајмила затоа што по излегувањето од затвор во 2005 година била во тешка финансиска состојба, била оцрнета од медиумите како најлоша личност во државата, не можела ништо да работи. Токму затоа можела да комуницира и да позајмува пари само од лихвари за да преживее нејзиното семејство.  Таа тоа тврдење го поткрепувала пред судот дека никој не е наивен да дава толкави износи на пари доколку не зема огромни камати.

И за позјмицата од поранешниот штедач на ТАТ,  М. С. од 12 илјади евра рекла дека е со лихварска камта, но потврдила дека главниот долг не е и исплатен. Исто така го признала и долгот што го имала кон незјиниот братучед од 2100 евра.

 Во своја одбрана тврдела дека не направила кривично дело "измама", туку позајмувала пари од лихвари за да преживее нејзиното семејство

Николовска  ја бранел адвокатот Трајче Торов од Штип, а одбраната во судница повикала голем број сведоци, меѓу кои и трите нејзини деца. Но, судот не ги зел предвид нивните искази ценејќи дека се контрадикторни и дека се обидуваат да ја намалат вината на Николовска.

Обвинителството за кривичното дело "измама", против Соња Николовска подигна обвинителен акт во јуни 2009 година, по што судот оформил и предмет. Во 2012 година Николовска била осудена на 3,5 години затвор, но пресудата била обжалена на Аплеација. Второстепениот суд ја потврдил одлуката на Основниот суд, но Николовска побарала вонредно преиспитување на пресудата до Врховен суд, кој во 2013  ја укина пресудата и го врати предметот на повторно одлучување.

Потоа следеше пресудата на Основниот суд во 2015, кој ја потврди и Апелација.

Николовска веќе неколку дена се наоѓа на издржување на затворската казна во затворот Идризово во Скопје. 

osnoven

 

 

apelacija presuda

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани