2win800x200

Методија Тасевски нов локален лидер на СДСМ во Битола

Декември 27, 2017

Методија Тасевски  е  избран за нов претседател на ОО на СДСМ во Битола. Одлуката за негово именување ја донел лично претседателот на СДСМ Зоран Заев, потврди Тасевски за апла.мк . Тасевски  е со долг партиски стаж и добар познавач на политичките прилики во градот.

Тој  во два наврати, на последните локални избори на 15 октомври 2017 и на последните парламентарни на 11 декември  2016,  беше шеф на изборните  штаба, кога СДСМ во Битола  издвојува победи на локално ниво со досега  најголема разлика во гласови над   опозицијата. Пред тоа  еден мандат беше и советник во битолскиот Совет.

Сега преостанува да се предложат членови на Извршниот  одбор  по што ќе се одржи и Општинска Конференција. Тасевски според упатени партиски извори најверојатно ќе биде и идниот директор на ФОД -Битола. Тој е дипломиран машински инженер по индустриски менаџмент.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани