2win800x200

Тајната на битолскиот пекмез од Пекмез Пазар

Јуни 03, 2020

Во Битола одамна мошне популарно слатко јадење бил пекмезот. Доказ за тоа бил и Пекмез Пазар кој се наоѓал околу Градскиот часовник, а денес од него не е останато ништо. 

Пекмез Пазар во османлиските документи се споменувал уште во 1826 година, пишува хроничарот на градот, професорот Александар Стерјовски во книгата ,,Калеидоскоп". 

Според истиот извор, пекмезџии биле Хаџија, Осман и Хусеин, како и христијаните Наум Кондо, Коте Гулабар и уште друг Наум чие презиме не е зачувано.

Според д-р Јован хаџи Васиљевиќ во Пекмез Пазар се продавале и наут, мраз, дрвени лажици , но најмногу пекмез. 

Пекмезот во турско се правел од црно грозје , кое се варело се додека не дојдело до состојба на шеќерен сируп. Стерјовски во книгата, повикувајќи се на Џон Грифит, пишува дека тајната на вкусот било во тоа што сочниот пекмез честопати се мешал и со јогурт, па мала порција од ова јадење било доволно човек да се засити.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани