Ноември 16, 2018

Пред три и пол децении снег до колена, а денес кокичиња

Јануари 03, 2018
Фото: Битола стари фотографии и Снежана Јанковска Фото: Битола стари фотографии и Снежана Јанковска

Пред 35 години, Битола, Новата година ја дочекала приклешетна во снег и мраз, а сега со кокичиња по дворовите како да е пролет.  Зимата во 1983 година во Битола снег наврвнал дури 84 сантиметри, а за време на оваа зима во градот одвај проснежи. Денес дневните температури се искачија до осум сетепени над нулата.   

 

Битола во 1967 година го преживеала најстудениот јануари, кога ниските температури под нулата се задржале цел месец, поточно 31 ден. Зимата од 1967 година наликува на минатогпдишната зашто и ланскиот јануари скоро и да немаше денови кога температурата не падна под нулата. Градот во неколку наврати беше или најстуден во земјава со изменерни 23 степени под нулата.

Податоците за најсуровите зими во Битола можат да се најдат во книгата „Записи за злосреќи“  на битолскиот хроничар, професорот Александар Стеријовски, каде се забалежани информации за студовите во градот почнувајќи од  1408 година па до последниве години. Според оваа книга, во последниот половина век, најстудената зима со најдолг број на денови со минусни температури била онаа во 1967 година. Температурата најниско паднала во 1979 година кога биле измерени -28 степени и во 2005 година со триесет степени под нулата, а снег најмногу наврнал во 1983 година, дури 84 сантиметри.

Инаку во подолгата историја, најниската температура во Битола била измерена во 1813 година,  кога живата во термометарот паднала до минус 36 степени. Во Македонија голем студ бил забележан и 20 години подоцна кога замрзнал Вардар, па луѓето со коњи минувале преку него. За суровите зими пишувал и „Царигратски вестник“ во 1858 година нарекувајќи ја ѓаволско време кога во Битола наврнал снег за 24 часа од аршин и половина, односно нешто повеќе од еден метар.

Како што тргна да се менува климата, во иднина ќе правиме статистики која зима била најтопла, за разлика од претходните анализи кога се мереше снежната покривка и ниските температури. 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани