Низ битолските маала пламнаа коледарски огнови

Јануари 05, 2018

Вечерва низ битолските маала пламнаа коледарски огнови. Ова е традиција со која се најавуваат престојните празници- Бадник и Божиќ. 

 

Иако од црквата велат дека огновите не се во духот на христијанската традиција и се пагански обичаи, во Битола се палеле од дамнина и во најсуровите зими, кога температурата паѓала до 30 степени под нулата. Коледарскиот оган за битолчани претставува и социјален настан за дружба меѓу луѓето. Огнот на едно место ги собира и зближува соседите, роднините и пријателите.

Од минатата година поради загадениот воздух Општината веќе не пали коледарски оган во центарот на Битола. И годинава нема организирина прослава за Коледе. Но, повеќето битолчани одлучија да не се откажат од старта традиција и да ги запалат огновите во своите маала. Некои од нив крај огнот ќе го дочекаат утрешен Бадник пиејќи загреана раќија, некои мезејќи, а некои според верата постејќи. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани