Октомври 16, 2018

Нова сообраќајна студија за Битола, бара градоначалничката Петровска

Јануари 11, 2018

Изработка на нова сообраќајна студија за градот или ревидирање на постоечката, најави градоначалничка Наташа Петровска.  Новата локална власт констатира дека загадувањето на воздухот во Битола меѓудругите чинители е последица и на нерегулираниот градски односно целокупниот сообраќаен режим во општината.

Петровска од битолскиот универзитет „Св Климент Охридски“ побарала  промени во сообраќајната студија, што треба дадат резултати на подолг рок.

 

-Како градоначалник  не сум спиела во делот на регулирање на сообраќајниот режим. На една од моите први средби со претставници на Универзитетот за приоритетни прокети со коишто треба заеднички да делуваме, моето барање беше да се изработи нова, или да се рефрешира онаа посточка сообраќајна студија за Општина Битола. Затоа што да, сообраќајниот режим ни е ужасен и тоа е предизвик којшто треба да го  решиме во 2018 година, вели Петровска. 

Бившата локална власт пред осум години најави  дека ќе го решава сообраќајниот хаос во градот. Изработи сообраќајна студија со потенцирање дека ќе понуди решенија за проблемите од сообраќајот на целата територија на општината, но за жал сообраќајниот хаос им остана на битолчани, а и загадениот  воздух.

Петровска, пак, во изборната кампања најави измени во сообраќајниот режим, меѓудругото и осовременување на јавниот патнички превоз со набавка на еколошки возила како и воведување на нови линии во одредени подрачја од општината како што се населбите Боримечка, Стрелиште, Баир, Брусничко-лавчанска, Буковски ливади и останати подалечни  населби.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани