2win800x200

Катaрина Велковскa е новиот директор на Државното музичко училиште во Битола

Јануари 15, 2018

Катaрина Кети Велковскa е новиот директор на Државното музичко училиште во Битола. Таа е професор по солфеж и една од наставниците чии ученици  се најнаградувани на државните натпревари со специјални и први награди.

Велковска го започна мандатот по Нова година, а нејзина заложба ќе биде нижото и средното музичко училиште во Битола да бидат во една иста зграда,

а не како сега наставата да се одвива во двата објекти, на Булеварот 1-ви Мај и во зградата на поранешното стопанско училиште во Битола.  

Музичкото училиште од Битола е меѓу најстарите во државата. Формирано е  на 5 октомври 1946 година.  Со настава училиштето започнало наредната  1947  година откако биле обезбедени основните услови за започнување на наставата.

Државното музичко училиште почнало  со работа со едно пијано и две труби . Во 1962 година покрај основното, со работа почнува и средното музичко училиште во кое до денес учеле 52 генерации.

Прв директор на средното музичко училиште во Битола, беше Михајло Николовски, композитор а потоа и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Меѓу познатите личности кои се образовале во ова училиште се и Тоше Проески, Љупчо Константинов,  Славе Димитров, Кире Костов и др.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани