2win800x200

Царовска пред Водици ги предупреди градинките да не се злоупотребуваат децата во верски обреди

Јануари 16, 2018

 Неколку дена пред верскиот празник Водици, на 19 јануари, Министерството за труд и социјална политика,  со допис ги предупреди градинките дека е забранета верска и политичка злоупотреба на децата. 

 

"Имено, Министерството за труд и социјална политика ги потсетува градинките на одредбата од Законот за заштита на децата (член 12, став (4) ) со која „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“, а која одреба треба да биде спроведена од нивна страна", се наведува во дописот.

При тоа, Министерството ги извести Јавните установи за деца-детски градинки дека доколку се инволвираат деца од установите во политичко или верско организирање, согласно со член 228, став (1, алинеја еден од Законот), истото преставува прекршок за кој е предвидена глоба.

„Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст“,  предупредуваат од МТСП.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани