За пречистителната станица во Битола обезбедени 28,7 милиони евра

Јануари 17, 2018

Обезбедена е вкупната финансиска конструкција за проектот пречистителна станица во Битола која ќе изнесува  28,7 милиони евра.Најголемиот дел   85% од средствата се обезбедени од ИПА фондовите, а околу 7,5 милиони евра се од Владата на Република Македонија.

 

Градоначалничката Наташа Петровска, денеска оствари работен состанок со претставници од Министерството за животна средина и координаторот на ИПА проектот за изградба на пречистителната станица и колекторскиот ситем во Битола, Јадранка Ивановска. На состанокот, беше дефинирана понатамошната реализација на проектот, кој претставува  од големо значење за животната средина во регионот. Така на средбата, беше констатирано дека Општина Битола, во последните неколку месеци, забрзано ги исполни своите обврски, со што проектот „Изградба на пречистителна станица и колекторски систем”, ќе започне со реализација.

За реализација на истиот, заедно со Министерството за животна средина и Европската делегација, во пролетниот период треба да се објави јавна набавка за избор на ревизија на проектот, надзор и изведувач, а до крајот на годината да се потпишат договорите за изградба и да започнат активностите. Согласно предвидената проектна динамика, општина Битола до крајот на 2020 година или најдоцна до почетокот на 2021 година, треба да добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани