Новооткриени остатоци од црквата Св Ѓорѓи ги запреа работите за обнова на шадрванот кај Јени џамија

Јануари 20, 2018

Реконструкцијата на шадрванот пред Јени џамија во Битола и партерното уредување на просторот се целосно запрени, откако при изведување на градежните активности, случајно се пронајдени нови делови од црквата Св. Ѓорѓи, која за првпат  е откриена под џамијата пред 15 години. Од Завод и музеј , велат дека пред да продолжат активностите потребно е да се изврши археолошко истражување на новопронајдените остатоци, за што побарана е финансиска поддршка од Министерството за култура, Управата за културно наследство и општина Битола.

-При ископ за инфраструктурен дел, односно на кабел за електрична енргија откриени се два дела од црквата пронајдена под Јени џамија, тоа е северниот и јужниот дел од проскомидијата. Новопронајдените делови треба да се третираат археолошки и затоа моменталните работи на шадрванот се запрени. Односно треба да се извршат заштитни археолошки истражувања за да се заврши партерното уредување пред влезот на џамијата. Меѓутоа НУ Завод и музеј Битола нема средства за заштитни ископувања затоа се обрати до Општина Битола, Управата за заштита на културно наследество и Министерство за Култура на Р.Македонија, вели Слободан Стојкоски, арехолог во НУ Завод и Музеј-Битола

 1

Археолошки истражувања отпочнаа во втората просторија на Уметничката галерија, односно во внатрешноста на Јени џамија во 2003 година и беа сондажни. Под влезот на наосот во џамијата откриен е ѕид, а начинот на градбата со ориентација исток-запад  беше доволен предзнак за тоа дека се работи за христијански објект.  Во 2004 и 2005 година, археолошките истражувања прераснаа во систематски, при што  се откриени темелни остатоци од три еден врз друг христијански религиозни објекти и средновековна некропола, како и голем број артефакти. Археолошките ископувања продолжија во 2008, 2009 и 2010 година и притоа е додефиниран  сакралниот објект. Според откриените делови на црквата, димензиите се многу поголеми од претходно претпоставеното. Извршени се и археолошките истражувања во 2017г.

-При ископувањата целосно е откриен олтарниот простор, а откриена е проскомидијата на христијанскиот објект, границата во североисточниот дел е одредена и претходните претпоставки се делумно потврдени. Потврдени се досегашните фази и впреплетувања на христијанскиот објект. Исто така потврдено е и постоењето на надворешен отворен трем на џамијата од нејзината најрана фаза кој лежи врз темелите на црквата, вели Стојкоски.

5

Археолошките истражувања во изминатите 15 години се од непроценливо значње за историјата на градот.

-Црквата Св Ѓорѓи под Јени џамија е директен линк со словенската материјална култура и со нивното  инкорпорирање на овие простори. Таа датира од 7 до 14 век во повеќе различни фази и е доказ за постоењето на градот Битола. Со оваа црква градот влегува на историската мапа на Македонија и Балканот. Можам да кажам дека е единствен ваков локалитет на Балканот-црква под џамија истовремено истражуван и презентиран, вели Стојкоски.

Дел од подот во џамијата е застаклен, од каде се гледаат пронајдените делови од христијанскиот храм. Проектот за конзервација и реставрација на Јени џамија се одвива во неколку фази и има за цел објектот да биде презентиран како археолошки локалитет и галерија, кои ќе го обединуваат христијанското и исламското културно наследство.

3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани