2win800x200

На распит во полиција две лица за графитите на Широк Сокак

Јануари 21, 2018

Во СВР Битола на распит беа повикани две лица, од кои едното малолетно, како можни сторители на графитите со навредлива содржина испишани на Широк Сокак..

 

„Во врска со настан од 19 јануари кога во Битола  на улица Широк Сокак на фасадата од зградата беа испишани графити со говор на омраза на македонски и албански јазик, Секторот за Внатрешни работи Битола, Одделението за Криминалистичка полиција, по превземени мерки и активности, го расветли настанот, повикани се две лица од Битола, од кои едното е малолетно, а другото е на возраст од 19 години и извршен е разговор со истите. Против сторителите по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, изјави портпаролката на СВР, Лефтерија Миленковска.

Станува збор за графитот на фасада на зграда на Широк сокак  во Битола – „Смрт за шиптари“, напишан на македонски и на албански јазик, со додавка „Закон си е закон“ алудирајќи на Законот за употреба на јазиците.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани