2win800x200

Да не се жигосуваат бегалците и мигрантите

Јануари 27, 2018

Битолчани денес имаа можност да испијат кафе со неколкумина мигранти и да позборуваат за нивните патешествија што ги минаа напуштајќи ги матичните земји. Неколкутемина бегалци на средбата дојдоа од прифатните центри во Табановце и Гевгелија, а не од Битола зашто во нашиот град ги нема.

 

Три месеци по локалните избори, во Битола, градот каде се сееше страв дека ќе нагргнат бегалци и во касарната ќе се градат станови за нив, па претходната власт сакаше за тоа да распишува референдум, денес нема ниеден беглец, нити пак бегалски кампови и згради. Претходната локлана власт предводена од ВМРО- ДПМНЕ дури и на седница на Совет постави точка на дневен ред за референдумско изјаснување на граѓаните „за“ или „против“ населување и интеграција мигранти на подрачјето на општина Битола.  Тогашната власт велеше дека сочувствува со мигрантите, но дека Македонија е сиромашна земја и дека ќе биде проблем ако останат овде и треба да им се изградат станови, дадат работни места и да се прифатат во училишта, градинки.

Проектот „На кафе со бегалците и мигрантите “ на Македонско здружение на млади правници, Здружението на граѓани за акција против насилство и трговија и Отворена Порта, финансиран од УСАИД, има ца цел да се намали жигосувањето на оваа група граѓани.

„Очигледно е дека кај нас има голема стигма, ксенофобија и дискриминација кон бегалците. Затоа се овој вид на настани, за луѓето да можат да се запознат со нив, да се покрене јавната свест дека бегалците не се тие што ќе ни ја окупираат државата, туку луѓе кои сакат да транзитират низ нашата земја и ретко кој од нив едниоставно би сакал да живее тука и да функционуира понатаму“, рече Александар Митановски, тим лидер во бегаласкиот камп во Табановце.

Многу мал е бројот на оние кои бараат азил за Македонија, во споредба со бројот на Македонци кои се азиланти во други земји. Дел од бегалците кои транзитирале низ Македонија имале повисоки примања во матичните земји отколку платите кај нас, па прашувале како е можно да се преживее со толку пари.  

„Во Македонија во моментов во транзитните центри бројките се движат од 20 до 30. Во транзитниот центр во Табановце имаме бројка од 23 мигранти, а во транзитниот центра во Гевгелија околу 20“ , рече Назир Авдат  од Македонско здружение на млади правници.27294689 338111476672225 581389465 n

Бегалците кои дојдоа на средба со битолчани ги изненадија пеејќи им македонски песни..  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани