Мајка и 17 годишен син изгореа во пожар во Битола

Јануари 29, 2018

Мајка и 17 годишен син изгореа во пожар во сопствената куќа што избувна околу 4 часот утрово на улицата Девеани во Битола.

 Таткото кој бил тешко болен, излегол во дворот и побарал помош од соседите кои веднаш се јавиле во противпожарната единица и се обиделе сами да го гаснат огнот кој многу брзо ја зафатил целата куќа. Но, соседите раскажуваат дека веќе било невозможно да се влезе внатре. Противпожарната единица од Битола интервенирала со 2 возила и 5 пожарникари

Увидит на истражните екипи е во тек, а причините за пожарот во кој загинаа мајката и синот дополнително ќе се утврдуваат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани