Август 20, 2018

Црквата во Курбиново ќе биде реставрирана и конзервирана до крајот на 2019 година

Февруари 03, 2018

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес во Преспа најави дека црквата во Курбиново ќе биде реставрирана и конзервирана до крајот на 2019 година.

 

„Долгогодишното пропаѓање на црквата ‘Св. Ѓорѓи’ во Курбиново е запрено. Во оваа 2018-та година, по повеќегодишен  застој, пропусти па и нестручност во реставрацијата на еден од најрепрезентативните објекти на нашето културно наследство, означуваме почеток на еден нов процес - процес на стручна, внимателна и одговорна грижа за оваа наша значајна знаменитост и еден од најрепрезентативните објекти на нашето културно наследство, кој датира од XII век“, рече министерот.

Тој најави дека Министерството за култура и Владата на Р.М во буџетот за 2018-та, обезбедија средства во висина од почетни 2.500.000 денари, со подготвеност од Министерството тие да достигнат до 15 милиони денари, доколку реализацијата тече со посакуваната динамика..

„Со овие средства во текот на годината ќе се изведат активности за изработка на основниот проект за архитектурата во завршна фаза, ќе се спроведе административно одобрување на основниот проект за архитектурата, а ќе се реализираат и неколку фази од непосредната заштита: демонтажа на покривот, конструктивно зајакнување, конзервација на ѕидни платна и демонтажа на времениот покрив“, рече Алаѓозовски.

За разлика од минатата година, кога преку Заводот и Музеј Битола за активностите во Курбиново имаше обезбедено средства во висина од само 1.000.000 денари, ова преставува значајно зголемување на средствата и можност да се реализираат повеќе значајни зафати на реставрација.   

По барање на Министерството за култура, посебна Комисија формирана од Национален конзерваторски центар  – Скопје спроведе ревизија на активностите за реставрација што се спроведуваа претходно во Курбиново. 

„Комисијата констатираше дека во изминатите години се направени одредени истражувања и зафати на архитектурата и живописот,  но резултатот се бројни парцијални решенија, кои не успеале да ги решат проблемите. За да се отстранат сите процедурални и стручни недоследности во конзервацијата на фрескоживописот, Комисијата од Министерството и НУ Завод и музеј – Битола се договорија во понатамошната реставрација и во целиот процес да се вклучат и надворешни меѓународни експерти со врвни познавања на византиската фреско – техника“, додаде Алаѓозовски.

Последна фаза на процесот ќе бидат археолошките истражувања и партерното уредување, што ќе се реализира по завршувањето на конзерваторско - реставраторските работи на архитектурата и фрескоживописот,  најдоцна до крајот на 2019-та година.20180203 124541

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани