Полицијата спречила учесниците во масовната тепачка од Царев Двор да се степаат во Битола

Февруари 04, 2018

Со навремена реакција и интервенција на битолската полиција  во Клиничката болница  во Битола   било спречено да избувне нова тепачка  меѓу поголеми групи што се собрале  во болницата, откако таму на лекување завчера беа пренесени лицата повредени во масовната тепачка во хотел во ресенското село Царев Двор.

 

Полицијата пред болница ги растури поголемите групи составени од учесници од претходната масовна тепачка во Ресенско, кои биле  од различна етничка припадност, и тоа на едната страна триесетина лица, а од другата осумина. 

Претходно, истата саботна вечер во хотел во Царев Двор  шест лица биле повредени во масовна тепачка, по што со возило на итната медициснка помош и со приватни автомобили биле префрлени  во битолската Клиничка болница.  Еден ресенчанец се здобил со убодна рана во пределот на градниот кош и расекотини по лицето, а кај оснатите пет лица биле констатирани полесни повреди, по што се пуштени дома, информираат од полицијата.

До тепачката дошло синоќа после 22 часот, кога телефонски во полициската станица во Ресен било пријавено дека е нарушен јавниот ред и мир и дошло до физичка пресметка меѓу Б.А. (22) и У.Ф. (31) од Охрид, од една страна и Т.К., Е.К., Т.К., Р.К., О.М. од Ресен како и други лица кои биле присутни на забавата од друга страна.

Извршен е увид на местото на настанот, а информирано е и Основното јавно обвинителство од Ресен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани