Август 18, 2018

Александар Кирацовски ќе присуствува на Молитвениот појадок во Вашингтон

Февруари 07, 2018
од средбата на Кирацовски со конгресменот Роберт Адерхолт од средбата на Кирацовски со конгресменот Роберт Адерхолт

Генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски, како пратеник е составен дел од македонската делегација која престојува во САД, а ќе има можност да присуствува и на Молитвениот појадок во Вашингтон каде се очекува да биде и претседателот на САД, Доналд Трамп.

 

На појадокот ќе присуствуваат високи функционери, дипломати и претставници на стотина земји од светот, кои ја користат оваа можност да разменат мислења, искуства и ставови за глобалните случувања и предизвици. Молитвениот појадок во Вашингтон е традиционален настан кој се смета за меѓународен собир во Америка, каде еден до друг седат функциониери од целиот свет.

Во рамки на посетата на САД, Кирацовски вчера оствари средба со  конгресменот Роберт Адерхолт од Републиканската партија.

„Разменивме мислења за односите меѓу нашите две пријателски земји, за состојбите и можностите да се унапреди соработката и комуникацијата во интерес на граѓаните. Конгресменот Адерхолт силно го поддржува членството на Македонија во НАТО и реформскиот процес“, напиша Кирацовски на својот фејсбук профил.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани