Ќе се подигаат ѕидови за поголема безбедност на обиколницата кај дивата населба

Февруари 08, 2018

Со цел поголема безбедност во сообраќајот, од Општина Битола  рамислуваат во иднина да се подигнат странични ѕидови на обиколницата  во делот што минува низ дивата ромска населба.  Во тој дел магистралниот пат е претворен во депонија со расфрлен  и запален смет.

 Градоначалничка Нашата Петровска вели дека ова е обид да се заштитат пешаците од населбата кои минуваат низ обиколницата на која се вози со голема брзина, но да се реши и проблемот со расфрлениот смет кој остава грда слика за градот.  

„Проблематиката е многу осетлива, но проблем е и ова ѓубре што се создава. Ситуацијата е осетлива и затоа што транзитираат и возила кои се движат со голема брзина, а има мали деца од населбата кои се движат низ патот, потенцијална опсаност пости. Со Агенцијата за државни патишта и со дел од ромските здруженија беше разговарано да се направат тие ѕидови како мерка за безбедност“, рече Петровска. 

Се размислува дали тоа треба да биде тунел во форма на буквата п, над кого би имало видиковец кон Битола или звучни ѕидови, но просторот во секој случај ќе биде оплеменет. Жителите од дивата населба ќе имаат премин под патот, па веќе нема да излегуваат директно на обиколницата.

„Оваа мерка ќе не заштити прво од непријаната слика на градбите кои постојат таму и тоа е горлив проблем во нашата и други општини и треба да се изгради стратегија. Тоа да не се  сфаќа дека некој етникум е нападнат, далеку од тоа или дека се сака да се гетоизира на друго место, туку да се понудат решенија за безбедност на населението, возачите и функционалност на обиколницата“, рече Петровска.  

Обиколницата не е во функција повеќе од две години поради свлечишта од околниот рид и сметот што се фрла и пали на патот. Таа е единствена обиколница за возилата од Прилеп за Ресен и Охрид и обратно, да не минуваат низ центарот на градот.

Свлечиштето веќе се санираше на терен, но се појави нова пукнатина, па се прават измени на прокетната документација со цел да се опфати целиот проблематичен појас. Од Општината одговарајќи на обвинувањата на опозицијата дека поправката се издолжила со месеци, велат дека доколку не се опфатеше и новата пукнатина, а се санираше само досегашното свлечиште, тоа ќе беше само популизам, а нов проблем ќе се појавеше за два до три месеци.

„ Лицемерие е некој да излегува и да кажува дека ништо не се прави, притоа толку години наназад да не го санирал свлечиштето. Ако со ваква динамика како нашата почнеле порано работите, ќе се воочел проблемот и до денес ќе бил дефинитивно решен“, возврати Петровска.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани