Август 20, 2018

Констатирани нерегуларности во легализацијата на дивоградбите

Февруари 08, 2018

Од Општината соопштија дека за ист случај за легализација на дивоградба, во изминатите години една општинска служба го завршувала процесот и се чекал уште потписот на градоначалникот, а друга констатирала дека објектот бил бесправно изграден подоцна од законскиот термин, поточно по 2011 година. 

 

Вака општинските власти одговорија на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Наташа Петровска откако станала градоначалничка немала издадено ни едно решение за легализација. Петровска возврати дека процесот не е закочен, туку дека сите случаи се разгледуваат внимателно зашто забележале нерегуларности во одлучувањето по предметите за легализација на бесправно изградени објекти.

„Открив  неколку такви случаи на преклопување на два спротивставени документа од една иста администрација. Веќе  завршен процес на легализација до издавање на решение да го потпиши градоначалник од една страна и од друга издадено решение за воочена дивоградба на бесправбно изграден објект после март 2011 година. Кога ги открив овие неусогласувања решив дека на тоа треба да се пријде сериозно и да се добијат од други инстанци инструкции како да се постапува во таков случај, а притоа да се заштити и правото и интересите на општината и на државата“, рече Петровска.

Таа побара од градежната инспекција да и достави список на сите граѓани за кои е издадено решение за воочена дивоградба после 2011 година. Секое решение за легализација кое ќе дојди на потпис кај неа ќе биде споредено со тој список, ако нема преклопување постапката ќе заврши и решението ќе се издаде.

Со спроведената легализација во одредени делови од градот се направи таков хаос, што сега за да се донесат нови сообраќајни решенија, Општината ќе треба да плаќа големи суми за експропријација на легализирани, а бесправно изградени објекти.. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани