Декември 13, 2018

ЈП „ПАЗАРИ“ СЕ СЛУЧУВАЛО НА ДЕН ДА ТОЧИ ГОРИВО ЗА 5000 ДЕНАРИ, ОБВИНИ КАСАПОВ

Февруари 09, 2018

Јавното претпријатие „Пазари“ од Битола се случувало во еден ден, а некогаш во два последователни денови  за сужбеното возило да точи гориво по 5000 денари, се пожали новиот директор Александар Касапов, на последната седница на Совет.

 

„Можам да ве уверам дека нема во ‘Пазари’ да се случува она што се случувало во минатото. Нема да се става гориво 50 литри во еден ден за 2600 денари, за следниот ден пак да се стави гориво 60 литри. Нема да се точи гориво 2400 денари на четврти април 2017 година, а на петти април  да се точи гориво 2580 денари. Нема во ‘Пазари’ да се точи гориво во еден ден во 15,30 часот 3000 денари, а во 16,50 часот 2000 денари. Вакви работи што се правеле има уште многу“, рече Касапов.

Слжбеното возило е „шкода рапид“ дизел и со неа се патувало најчесто до Скопје.

Нашите обиди да ја слушниме и другата страна завршија без успех. Од претходното раководство на претпријатието не одговараа на нашите  телефонски повици. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани