Декември 13, 2018

ЕЛЕМ И ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ ОД РЕК ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Февруари 13, 2018

Битолската полиција поднесе кривични пријави  против ЕЛЕМ  за загадување на животната средина и природа, како и против петмина поранешни директори и раководители во РЕК „Битола“, осомничени за соизвршителство во ова кривично дело. Тие пропуштиле да ги реконструираат филтрите на РЕК и дозволиле да се пропуштат штетни честички повеќе од дозволеното, а при отпепелувањето на одлагалиштето да се создаваат вртлози од пепел со што се зголемило загадувањето.   

 

Според билтенот на МВР, осомничени за соизвршителство во загадувањето на животната средина и природа се И.К. (63) од  Гостивар, поранешен  директор на подружница РЕК Битола, Ј.К. (67) од Битола, директор на подружница РЕК Битола, О.З. (54) од Битола, директор  во РЕК Битола, З.М. (44) од Битола, раководител во Подружница РЕК Битола и против С.А. (63) од Битола, раководител во Подружница РЕК Битола.  

Имено, по претходна пријава до СВР Битола и Основното јавно обвинителство во Битола, направени се низа проверки при што е констатирано дека пријавените физички лица, со непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, пропуштиле да ги реконструираат постоечките  или да постават нови филтри за прашина. Така дозволиле преку работата на РЕК да се  пропуштаат штетни честички количински повеќе од 50 милиграми на метар кубен, што значи над максимално дозволемната граница.


Исто така, пријавените физички лица дозволиле да се врши отпепелување на одлагалиштето, каде што често се создавале воздушни вртлози од пепел со земја. На тој начин предизвикале пораст на статистичкиот показател на загаденост на воздухот во град Битола, што претставува опасност по здравјето на луѓето.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани