Октомври 18, 2018

Пивковски возврати- Гулевска да не фрла со камења по мене, туку по себе!

Февруари 14, 2018

Екс градоначалникот на Могила, Стево Пивковски, за апла.мк , изјави дека она што го објавува Јасмина Гулевска, актуелната градоначалничка на Могила е чиста небулоза.Гулевска вчера обвини дека Пивковски за сметки по кафеани во изминатите 5 години потрошил над 52 илјади евра од буџетот на општината.

-Гулевска беше советник во предходниот состав на Општина Могила 4 и пол години и точно знае кој јадел и кој пиел, кој реално ги трошел тие пари. Ја прашувам со кои камења фрла по мене?

Нека каже дали таа е достојна за тоа или треба да фрли камен на себе, вели Пивковски.  

Според него Гулевска редовно била на чело  на софрите на советниците за што можат да посведочат и останатите советници од предходниот состав на Советот.

-Токму советниците после секоја седница трошеа и до 15 илјади денари за ручеци. За да не биде јавноста во заблуда подготвен сум на дуел со новата градоначалничка на било која телевизија , што таа ќе ја одбере, вели Пивковски додавајќи дека парите од буџетот на Општина Могила  за време на неговиот мандат се трошеле транспарентно и отчетно за проекти  во интерес на граѓаните на општина Могила.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани