Декември 11, 2018

Битолчани мора да ја менуваат менталната матрица и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи

Февруари 17, 2018

Битолчани мора да ја менуваат и да ја подигнат свеста дека се дел од сообраќајниот систем, во кој се почитуваат правила и прописи. На подрачјето на СВР Битола, лани животот го загубиле 28 лица. Статистиките се поразителни, предупредува професорот Зоран Јошевски од Техничкиот факултет во Битола.

Половина од возачите нe го почитуваат првенството на минување на пешаците на пешачки премин. Од друга страна, повеќе од 36 проценти од пешаците во градот, и кога имало пешачки премин на 10, 20 или 30 метри оддалеченост од нив, поминувале своеволно надвор од пешачкиот премин. Околу 40 проценти од возачите на мопеди и мотоциклисти не користат заштитни шлемови.

– Морам да кажам дека оние првични резултати што ги добивме од терен за минатата година не се сјајни. Има голем број возачи кои не го користат сигурносниот појас, во некои општини тој процент изнесува и до 80 отсто, а во Битола – 70 проценти од испитаните возачи не користеле појас. Тука некаде е и бројката на совозачите без појас – изјави професорот Јошевски.

Градење на систем за менаџирање во безбедноста е од големо значење, но за тоа се потребни пари, смета професорката Верица Дамчевска, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во Општина Битола. Сите статистики укажуваат на тоа дека актуелното ниво на развојот на сообраќајот негативно влијае врз неговата безбедност.

Потребни се пари за да се изгради тој систем, но прво треба да ја промениме нашата свест, нашата ментална матрица и сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, независно дали сме возачи, пешаци, мотоциклисти или велосипедисти, вели Дамчевска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани