По 10 години власт, пред заминување распишаа тендер за сопствена опрема

Февруари 20, 2018

Колку пари во изминатите години се одлеале од РЕК Битола во надворешни фирми за ископ на јаглен во комбинатот, од ВМРО-ДПМНЕ немаа одговор на денешната прес конференција, на која обвинија дека владеачката СДСМ, склучила милионски договор за ископ на јаглен во РЕК Битола во 4 очи, иако,  како што велат тие имале проект за набавка на рударска опрема со која комбинатот немаше да биде зависен од надворешни фирми.

 

 -Не можам да ви дадам информација затоа што не располагам со тие суми, но очигледно е дека загубите на средства биле прилично големи, поради што ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за ваков проект кој би значел  нешто навистина иновативно и голема заштеда за РЕК Битола, рече Елена Трајчевска, советник во Советот на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ. 

 Тендер за набавка на нова опрема за ископ на јаглен, ЕЛЕМ распиша непосредно пред разрешувањето на претходното раководство, а новата Влада ја поништи оваа јавна набавка.

-Доколку оваа инвестиција не беше оневозможена ќе беа избегнати милионските договори и исплати во четири очи кон надворешни лица. СДСМ го прекина овој проект не водејќи сметка за долгорочните интереси на РЕК Битола. Сега гледаме дека СДСМ ја укинал набавката за да може да се склучуваат милионски договори во четири очи.Рударската опрема  за ископ на јаглен, ќе овозможеше претпријатието да врши ископ со своја механизација и да не одвојува милиони за копање на јаглен на приватни компании. Власта сеуште не одговори колку е разликата од цената што ја имаше второ рангираната компанија која согласно Законот за јавни набавки требаше да го реализира тендерот и цената која граѓаните треба да ја платат со зделките на СДСМ во четири очи, изјави Трајчевска

Од ЕЛЕМ  одговорија дека РЕК Битола склучила договор со фирмата „Пелистер“ за привремен ископ и транспорт на јаглен по цена од 87,80 денари по гигаџул,  откако фирмата Трансмет, која го доби последниот тендер за ископ на јаглен, се откажа од договорот.  

-За да се покрие периодот од три месеци до избор на нова фирма кој ќе се изврши преку јавна е-аукција,  склучен е привремен договор за ископ согласно Законот за јавните набавки кој предува услови од крајна итност , за да може да продолжи производството на електрична енергија во РЕК Битола. Истиот ден кога ,,ТРАНСМЕТ не извести  дека се повлекува од договорот, во РЕК Битола беа повикани да дадат свои понуди фирмите: ,,Рудкоп”-Битола, ,,Пелистер”-Битола, ,,Машинокоп”-Кавадарци, ,,Илинден”-Струга и ,,Топлина”-Охрид. Првичната цена која РЕК Битола ја доби изнесуваше 100 денари за гигаџул,  додека последната понудена цена, на која и беше склучен договорот со фирмата ,,Пелистер” изнесуваше 87,80 денари за гигаџул, пишува во соопштението на ЕЛЕМ.  

 Овој договор ќе важи во следните три месеци, до кога се очекува преку тендер  ќе  биде избрана фирма која ќе го врши ископот на јаглен во РЕК Битола.

 -Во завршна фаза е тендерската документација за купување сопствена механизација за ископ на јаглен, со што АД ЕЛЕМ ќе го елиминира или ќе го сведе на минимум ангажирањето на надворешни фирми во оваа државна компанија, односно намерата на раководството е АД ЕЛЕМ и нејзините подружници при производството на електрична енергија да се потпираат на свои ресурси, наместо за тоа да се исплатуваат приватни фирми, пишува во соопштението на ЕЛЕМ.

 За целосна набавка на сопствена опрема во РЕК ќе бидат потребни 64 ипол милиони ера. Во прва фаза, сумата за набавка ќе биде 24 милиони евра и тендерот се очекува да биде распишан до крајот на февруари. Пртеходната постапка за набвка на опрема била запрена за да се елиминираат можностите за фаворизирање на  одредени фирми.

 -Тендерот за купување механизација кој претходното раководство на АД ЕЛЕМ го распиша пред неговото разрешување, беше запрен по насока на новата Влада, поради потреба од повторна проценка на потребите кои беа наведени во документацијата за тоа што е планирано да се купи и во која количина, како и условите според кои понудувачите можат да учествуваат на тендерот. Целта на новата проценка, меѓу другото е и да се даде можност да учествуваат што повеќе фирми и да има поголема конкуренција на тендерот, односно да се елиминираат можностите за фаворизирање одредени понудувачи, велат од ЕЛЕМ..

Инаку, на јавноста ѝ е познато дека и во изминатите десетина години додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, не беше набавена опрема за сопствен ископ, туку тоа  правеа приватни компании. За тој период  СЈО дури го  отвори случајот „Труст“  за неправилности при  тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаловина. Во случајот се работи за фалсификување на документи за техничка и кадровска опременост  на фирмата „Трансмет“ која го добила тендерот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани