2win800x200

Има ли злоупотреба на позицијата советник во Битола?

Февруари 21, 2018

Дел советници од битолскиот Совет со наводно оправдување дека се на комисија  која  заседава за потребите на Советот , често отсустувале од работа, реагираат до редакцијата на  Апла.мк група битолчани. Како што е наведено, реакцијата се однесува на дел од советниците кои работат во некои од државните и општинските институции.

 

Некои од советници често може да се забелажат во град во работно време, со образложение дека „бркаат“ партиски работи со изговор дека се ангажирани околу подготовките на седницата на Совет. Оваа толку многу им паѓа во очи на битолчани што со писмото испратено до  Апла.мк, прашуваат колку често може советниците да го користат отсуството од работа со оправдување дека се  на Совет? Дали  задолжително мора да присуствуваат на комисиите во кои членуваат или на сите останати комисии каде што не се членови?

Во писмото уште се наведува дека оваа пракса била својствена и за претходниот состав на Совет кога дел од советниците од тогашната власт „не се завртија на работа “ под изговор дека се на Совет или на Комисија. Оние што работат во државни фирми покрај платата, од Советот земаат и паушал од 15 илјади денари.28310051 349105282239511 37628570 o

(случајно избрана фотографија)

Претседателот на Совет, Валентин Груевски, за Апла.мк вели дека секој советник учествува во две до три комисии кои се состануваат  и работат пред да се одржи седницата на Совет, како и тоа дека се внимава да не се злоупотребува правото советниците за потребите на Советот да добиваат оправдување за отсуството од работното место.

Сепак, впечатокот на јавноста е дека како и многу други работи и во овој случај, дел од  локалните политичари повеќе се на Широк Сокак отколку на работа, секако чест на исклучоците.

Со цел расветлување на случајот, Апла.мк ќе побара официјална информација од Советот дали досега имало злоупотреби на советничката позиција и од кои советници. . 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани