Александар Марковски нов директор на ИЗ „Жабени“

Февруари 23, 2018

Александар Марковски, дипломиран менаџер по царина и шпедиција е назначен за ве-де директор на ИЗ „Жабени“ крај Битола. Марковски доаѓа директно од бизнис секторот, а претходно  беше ангажиран и во неколку деловни  банки  во одделите  за бизнис кредитирање.

-Во моментот кога го преземам работењето со индустриската зона „Жабени“ таму  работи еден активен клиент со 5000 вработени, друг инвеститор е во завршна фаза на градба, а од Владата на Р. Македонија  најавена е  турска инвестиција за производство на машини за чистење на улици, изјави за Апла.мк, Марковски.

Марковски, како што стои во известувањето на Централниот регистар е именуван за време додека се изврши избор на директор на „Жабени“ , но не подолго од шест месеци. Претходно со „Жабени“ раководеше Сашо Илковски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани