Согорувањето дрва со висок процент на влага ги разболува битолчани

Февруари 25, 2018

Домаќинствата и институциите во Битола во текот на зимскиот период учествуваат со 70 проценти во емисиите на ПМ честичките, согорувајќи дрво во огништата, пишува во брошурата што Регионалното здруежение на географи „Геосфера“ ја објави со детална анализа на аерозгадувањето во градот. Во Битола над 62 проценти од домаќинствата  согоруваат  дрво за затоплување. Согорувањето на дрво во емисиите на ПМ 10 честичките  учествува со 39 проценти, а во ПМ 2,5 честичките дури со 57 проценти. Често се користи огревно дрво со висок процент на влага, кое создава многу големи количини на ПМ честички.

 

Во брошурата што ја објави „Геoсфера“ пишива дека ПМ честичките поради малиот пречник, можат преку алвеолите во белите дробови да навлезат  во крвотокот на организмот  и да се таложат во крвните садови, предизвикувајќи тромбови, мозочни и срцеви удари. Всушност главни причини за смртноста на населението во Битола  се  карадиоваскуларни заболувања , а тие во голем процент се последица на аерозагадувањето, пишува во брошурата. 

Согорувањето на дрвото има најголемо учество и во  вкупните емисии на диоксидите  и фураните. Диоксидите  тешко се разградуваат  и имаат времетраење  од седум години во човековиот организам. Нивната токсичност резултура со зголем број на канцерогени случаи, што е честа појава во Битола.   

Јаглеродниот моноксид што се појавува при согорувањето на дрвото, дејствува директно на кардиоваскуларниот систем, како и на централниот нервен систем. Оние кои подолго време се изложени на повисоки дози од јаглероден моноксид  покрај главоболки, чуствуваат и вртоглавици, замор и редукција на менталната сопсобност.

„Геосфера“ предлага дрвата за огрев да бидат доставени до домаќинствата најдоцна до август во годината, со цел да се избегне достава на влажно дрво. Понатаму, предлагаат субвенционирање на социјално загрозените домаќинства, околу 900, со сертифицирано огревно дрво на принцип 50-50 проценти. За ова ќе бидат потребни 100 000 евра.

„Со достава на сертифицирано огревно дрво со низок процент на влага до август ќе се намали арозагадувањето во градот за најамлку 50 проценти“, рече Мите Ристов, претседател на „Геосфера“. 

Годинава голем дел домаќинства во  Битола се пожалија дека грејната сезона почна, а дрвата сѐ уште не им беа стигнати.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани