2win800x200

Битола под снежна покривка

Февруари 26, 2018

По сушните декември и јануари, Битола доживува вистинска снежна идила на крајот од февруари.

Дневната температура денес ќе се движи од минус четири до нула степени, а снежните врнежи постепено ќе престанат во текот на денот. Во последните години, со исклучок на лани, кога годината беше богата со снежни врнежи, претходно не ретко се случуваше зимата задоцнето да пристигне, поточно снег да падне дури во февруари или март. Битолчани пред неколку години паметат снежна покривка од 30 сантиметри за време на верскиот празник Благоец, на седми април.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани