2win800x200

Гркот Ренос Михалеас пред 74 години барал Балканот да ја остави на мира Македонија да си гради своја држава

Февруари 26, 2018

„Макар што грчката атмосфера ја заматува пропагандата, што е злостор спрема нашиот народ и спрема другите народи, денес, сакале ние или не, пред светот се раѓа македонската држава, народна држава, за чие создавање многу јуначки срца престанаа да бијат во градите на своите јунаци, но за нас отчукуваат нови тонови поради што се поставува и задача пред секој чесен човек, на Словеномакедонците да им дадеме права соодветни на грчката стварност“.

 

Вака во 1944 година пишувал Гркот Ренос Михалеас, долгогодишен член на Комунистичката партија на Грција, секретар на партиската организација во IX дивизија на ЕЛАС и член на Второто политичко биро во оваа борбена единица. Неговите јасни и јавно изнесени ставови во поглед на македонското национално прашање ги истражуваше докторот по историја Александар Литовски и ги објави во научен труд.  

Според него, Михалеас сметал дека „националното прашање е вулкан што треба да ги осветлува народите. Нека се тресат тираните. Нив ќе ги изгори како и секоја друга рака што сака да го затвори“.

Тој ставовите ги изнел во неговите писма до Главниот штаб на НОВ и ПОМ, до Леонидас Стрингос кој бил секретар на Македонското биро на КПГ, до Групата дивизии на Грчката народноослободителна војска (ЕЛАС) за Македонија, до Илија Димовски-Гоце, Добривое Радосављевиќ-Орце и до Светозар Вукмановиќ-Темпо. Повеќето од овие писма на Ренос Михалеас биле пишувани во есента 1944 година, а она до Темпо на 20 февруари 1945 година.

Во нив пишувал дека неправилно е „да се забранува гласот на еден народ кој се бори и чие место среде сите народи е добиено со неговата борба против заедничкиот непријател фашистите.“

Литивски истакнува дека Михалеас укажувал на тоа дека грчкиот народ немал чувство за болката на македонскиот народ.

„Tреба да признаеме oти  грчката мизерија и кратковидноста што се јавуваат при новогрчките владини манифестации, им помогнаа на бугарските асимилаторски напори да задушат секаков идеал кај овој народ. И можат да се сретнат, за жал, не мал број луѓе кои ги изопачуваат фактите и тврдат дека се работи за ‚Бугари‘, навреда што ја поднесува овој народ поради лукавоста и немањето чувство во грчката држава како за болката на овој народ, така и за историјата“, пишувал тој.ЕЛАС партизани

Во анализата на македонското национално прашање Ренос Михалеас ги користел и историските сознанија, односно искуствата од минатото, па објаснувал дека: „Знаеме добро за злочеста на Балканот, наместо да го остават овој народ братски да го гради својот живот со другите народи на Балканот, крај своето национално огниште, организаторите на големосрпскиот, големобугарскиот и големогрчкиот шовинизам го распарчаа, а тоа стана постојана и трајна причина за војна.“

Ова според Литовски, покажува дека развојот на ставовите и односот на Комунистичка партија на Грција кон македонското национално прашање во периодот на Втората светска војна воопшто не бил праволиниски и еднонасочен. Така, во јануари 1944 година се одржал  и Десетиот пленум на Централниот комитет на КПГ кога  во дискусијата на Јанис Звегос, со позитивен тон се зборувало за нова Југославија и се истакнувало и дека „новата југословенска влада“ конституирана со АВНОЈ „се базира на братската соработка на српската, хрватската, словенечката и македонската нација.“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани