2win800x200

ОФИЦЕРСКИ ДОМ ЌЕ СЕ ЗАШТИТИ СО ЛИМЕНИ БАРИКАДИ ДО РЕСТАВРАЦИЈА

Март 10, 2018

Офицерскиот дом ќе се загради со лимени барикади до почетокот на реставрацијата за да не може секој еден да влегува внатре и да врши дополнително оштетување, соопшти битолската градоначалничка Наташа Петровска.

Синоќа, непознат сторител влегол во Офицерскиот дом и на приземјето запалил оган, за среќа битолчаните од околните кафулиња го забележале пламенот и ја повикале Поритивпожарната единица, која го изгасила огнот.

 „Она што ќе го направам со  сигурност е веднаш да ги поставиме тие баридаки кои ќе спречат во иднина да се случуваат вакви немили настани. Не би сакала да зборувам за тоа дали било исценирано или не, дали станувало збор за некој да се згрее или не, си има служби кои можат тоа да го истражуваат. Наше е да го заштитиме“, рече Петровска.

Таа истакна дека Минитсерство за култура веќе издвои 10 милиони денари за реставрација на Офицерскиот дом, а сега се разгледува која варијанта е поекспедитивна дали да се префрлат парите на Завод и музеј или на Општината. Воедно и Општина Битола годинава од својот буџет ќе искористи 10 милиони денари за Офицерскиот дом.  

„Покривната конструкција дефинитивно ќе биде направена, олуците и во делот на заштитата на дограмата за да не може да влегуваат внатре. Тоа е голем залак, но ако ги направиме тие зафати кои ќе значат заштита од следни руинирања, се друго е уметност зашто таму и плочка може да фали и за да најдете соодветна, потребно ќе биде и време и пари. Но, ќе бидеме упорни, нема откажување и ќе го вратиме сјајот на Офицерскиот дом “, рече Петровска.

Овој објект, наречен уште и битолски Версај по својата раскошна архитектура, е  заштитан како културно-историско наследство. Но, за жал во изминатите години често пати беше префрлуван од една на друга институација и во последните десетина години се руинира.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани