Некој сади, а друг кради борчиња

Март 12, 2018

Откорнети се борчиња од жардиниери поставени на битолското Шеталиште. Ваквиот вандализам предизвика критики од битолчани кои рекреираат во овој дел од градот. Тие велат дека иако се работи за неколку дрвца, секое стебло е добредојдено во градот кој мака мачи со аерозагадувањето.

Раскажуваат дека садниците биле засадени минатата година, а деновиве некој ги откорнал, претпоставуваат дека можеби си ги засадил и во сопствениот двор. Апелираат да се садат дрвја, а не да се крадат. Во тек е акцијата за раззеленување на Битола во која се планира засадување на 3000 дрвја, па некои граѓани наместо да уништуваат можат да помогнат за поубава и почиста Битола.28908360 816981478503943 447335167 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани