2win800x200

ВО СОВЕТОТ КАВГА ЗА ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Март 13, 2018

ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Совет тврдеше дека Општина Битола има помалку долгови од јавно презентираните и дека ако се вкалкулираат и побарувањата, тогаш ќе испадне дека е во позитива. Од советничкото мнозинство предводено од СДСМ рекоа дека опозицијата си игра весела мактематика и дека дури и по пет месеци од заминувањето на Владимир Талески од петни жили го брани неговото работење.

 

Координаторот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Димитровски, рече дека градоначалничката Наташа Петровска во ноември минатата година на прес конференција изјавила дека долгот на Општината е 13,5 милиони  евра, а според завршната сметка за 2017 година што денес се гласаше е помал за околу 10 милиони евра. bor

„Според доставената завршна сметка за 2017 година побарувањата на Општина Битола изнесуваат 5,5 милиони евра, а обврските, односно долговите се 3,5 милиони евра. За да биде подрастична невистинитоста на искажаните податоци на таа прес конференција, како долгови се вкалкулирани и над еден милион евра, обврски кои наводно произлегуваат од судски постапки“, рече Димитровски.

Тој додаде дека „со завршната сметка 10 милиони евра помалку се покажаа долгот, меѓутоа  ако ги вкалкулираме  побарувањата  од 5,5 милиони евра  кои доколку би се наплатиле тогаш Општината ќе испадне да биде во позитива“.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Викрторија Христовска рече дека Министерството за финансии објавило табела на најзадолжени дваесет општини во земјава, а на таа табела ја немало Битола.

Советничкото мнозинство предводено од СДСМ одговори дека ова е весела математика на ВМРО-ДПМНЕ. 

"Со весела математика ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно ги имаат измешано бројките. Реалните долгови  на Општина Битола и јавните претпријатија  се енормни  и овие обвинувања се популизам", рече Менде Илиевски, советник од СДСМ.

Жаклина Наумовска, советник од СДСМ рече дека се изнаслушала бројки, а реалноста ја чувствувала секое утро кога во школото морале од џеб да дадат пари за да ги набават потребните материјали за работа.

Претседателот на Советот, Валентин Груевски ја праша опозицијата дали во нивните пресметки влегле и кредитите што ги остави Талески, судските спорови за касарната, неплатените сметки за струја по училиштата?val

„Во она што го кажувате од 3,5 милиони евра не го внесувате кредитот од 1,8 милиони евра кој ќе треба да се плаќа, за вас тоа не претставува долг туку измислена приказна од делот на Снежана и седумте џуџиња. Тоа што училиштата должат 4,5 милиони евра за вас не претаставува долг, зашто тоа биле институции надвор од процесот на Општина Битола, тие не влегуваа во завршна сметка. Во која завршна сметка ќе влезат овие 4,5 милиони евра? Во завршната сметка на Општина Прилеп или на Драчево? Не, тие ќе влезат тука. Прашајте ги вашите директори колку време не платиле струја. На Економско училиште не му фактурирале струја седум години. Сега оддеднаш му доаѓа сметка за струја за претходните седум години“, рече Груевски.

Тој уште додаде дека Општина Битола има моментално судски процес во кој од неа се побаруваат 2 милиони евра поради неизгадената инфраструктура во касарната. Понатаму дека спортските клубови тонат во долгови и уште многу други обврски за наплата.

На крај завршната сметка ја изгласаа советниците од СДСМ, од опозицијата гласаа против.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани