„Битфест“- 2018, во ново руво и со скратени пари!?

Март 15, 2018

Каков концепт ќе има годишеното издание на битолското културно лето „Битфест“? Колку пари од буџетот  ќе бидат издвоени за ова намена, односно колку ќе бидат скратени? Дали градоначалничката Наташа Петровска годинава ќе го задржи истото име на манифестација „Битфест “чии кум беше екс градоначалникот Владимир Талески во 2005 година.Ова се само дел од прашањата кои допрва треба да ги отвори  новата локална власт, откако по нејзиното доаѓање беше обеледенето дека бившиот градоначалник за „Битфест“ трошеше  по стотици илјади евра секое лето  без да даде отчет пред јавноста.Општината го објави јавниот повик за учество во програмата на битолското културно лето „Битфест“- 2018. Општината оваа година го организира 12-то издание  кое ќе трае од 21 јуни до 28 август.

 

Ќе кофинансира манифестации и проекти од областа на културата:  музичко и музичко – сценска уметност, театар, ликовна уметност, видео, фото, филмска уметност, литература , фолклор, нови уметности, стои во јавниот повик.

Министерството за култура, пак, неодамна објави дека  и одобрило 2 милиони денари на Општина Битола за „Битфест“- 2018. Во годинешната програма за култура под ставката -интердисциплинарни проекти,  стои дека Општината побарала 4 милиони денари од Министерството за култура за оваа манифестација, но таа сума е преполовена.

Градоначалничката Петровска по стапувањето на функцијата рече дека за „Битфест“ лани биле склучени договори во износ од 220 000 евра. Од нив исплатени биле 180 000 евра, а за наплата останале уште 39 000 евра. Таа, тогаш додаде дека дел од договорите бодат очи зашто под закрилата на културни манифестации се вршеле исплати на привилегирани поединци. За да не се соочат со тужби, неисплатените суми за „Битфест“ беа  обезбедени од ребалансот на општинскиот буџетот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани