2win800x200

Два месеца откако во пожар изгореа мајката и синот, почина таткото

Март 20, 2018

Неполни два месеца, откако во пожар на улицата „Девејани“ во Битола, живи изгореа син и мајка, попладне во остатоците од опжарената куќа почина и таткото  Томе А. (60)

Веднаш после трагичниот настан, Томе, кој боледувал од карцином, беше префрлен во битолската болница, а потоа сместен во прифатилиште за бездомници. Пред неколку дена, побрал да си замине, по што потпишал и документ дека последните денови од неговиот живот сака да ги помине во домот, иако за тоа не постоеле услови.

Попладнево соседите го пронашле Томе во помошната просторија до изгорената куќа, пријавиле во итната медицинска помош и Центарот за социјални работи, по што лекар констатирал смрт.

Пожарот во малата куќа на улицата „Девејани“ во Битола, се случи на 29 јануари годинава, околу 4 часот утрото, додека мајката и синот спиеле. Според изјавите на таткото, тој во моментот на избувнување на пожарот, бил во тоалетот кој се наоѓа надвор од куќата, а кога излегол видел дека пламените јазици веќе ја голтале малата куќа.

Неодаман на прашањата на Апла.мк до каде е истрагата во врска со пожарот на улицата „Девејани“, како се случил, дали има осмничени од Основното јавно обвинителство  одговорија дека се преземаат сите дејствија за расветлување на причините за пожарот во кој животот го загубија две деца.

„Извршен беше увид на местото на несреќата и издадени се наредби за вршење вештачења. Обвинителството очекува да пристигнат​ извештаите од наредените вештачења, како и извештајот од извршената обдукција . Тие ќе бидат предмет на анализа на надлежен јавен обвинител по што ќе следи соодветна јавно обвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, пишува во одговорот на ОJO

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани