2win800x200

Фондацијата „Тома Фила“ ќе стипендира талентиран студент од Битола

Март 23, 2018

Фондацијата „Тома Фила“ објави конкурс за доделување на стипендија за студент на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Стипендијата е во бруто износ од 10.000 денари и се доделува за стипендирање и поддржување на еден талентиран студент од Правниот факултет - Кичево, дисперзирани студии во Битола, на втор циклус студии, со остварен просек од најмалку 8 и на прв и на втор циклус студии.

 

Стипендијата се доделува на студент со постојана адреса на живеење во општина Битола, за едногодишно стручно усовршување како адвокатски приправник, кај адвокат со регистрирано седиште на подрачјето на Битола.

Студентите треба да ги достават потребните документи во рок од 15 дена од објавувањето на Конкурсот на веб страните на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и на Правниот факултет - Кичево, до Фондација „Тома Фила“ - Битола ул.„Булевар 1 ви Мај“ бр.55 Битола или во зградата на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, со назнака „За Конкурсот за доделување стипендија Тома Фила.“ 

Изборот на студентот ќе се изврши во рок од 15 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Фондацијата ја основа познатиот адвокат Тома Фила (77) по потекло од Битола кој има своја адвокатска канцеларија во Белград. Пред две години кога ја посети родната Битола изјави дека иако целот свој животен и работен век го минал во Белград, тој никогаш не го заборавил својот роден крај. Се родил во Битола во 1941 година, како син на познатиот адвокат Фила Филота, но набрзо се преселиле. Неговото искуство и активна практика во правната професија траат речиси 50 години, а посебно се истакнува во областа на кривичното право каде што имал повеќе од 700 случаи. Од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ тогаш доби титула за почесен доктор на науки.

Во биографијата на Фила се искатнува дека застапувал случаи пред сите судови на просторот на поранешна Југославија. Бил адвокат на видни личности од општествениот и политичкиот живот на овие простори, меѓу кои и на сопругата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз, на пораншениот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, советник на српскиот патријарх Иринеј, а бил бил вклучен и во судксите постапки за сите авионски несреќи во порнашена Југославија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани