2win800x200

Томе Илиоски по два мандата бара уште 10 месеци да ги води пензионерите од Битола

Март 30, 2018

Претседателот  на  Здружението на пензионери- Битола, Томе Илиоски,  после два мандата раководење не сака да си замине од функцијата, тука бара начин да си го продолжи мандатот за уште десет месеци, обвинуваат група на пензионери од градот.  Илиоски е татко на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски. Тој  тврди дека статутот е сменат е дека има право на продолжување на мандатот . 

Во просториите на битолското Здружение на пензионери денес пред да се одржи седница на Собрание, атмосферата беше тензична, со расправии на  повисок тон.

 

На Илиоски после 8 години на функција вториот мандат  му истекува на 4 јуни, а тој сака да го продолжи до февруари 2019 година, обвинуваат пензионери.

-Одлуката која што треба денеска да ја донесат е со цел да си го продолжат мандатот за уште десет месеци. Ние сме членови на ова Здружение и сакаме да присуствуваме на седницата да видиме што ќе одлучат, но ако сакаат да ги продолжат своите мандати таа одлука ќе биде нестатутарна. Спротивна на статутот,  бидејќи несмее  мандатот на избраните претставници да биде повеќе од 4 години, и тоа е продолжување  заради нивни причини кои сметаме дека не се оправдани, рече Томе Димитровски, пензионер од Битола.

Илиоски, прво им рече дека не може да ги пушти пензионерите да присуствуваат на седницата зошто не ќе може да ги „контролира“ и ќе ја одолговлекуваат дискусијата. Побара да го остават Собранието да ја донесе одлуката, а потоа ако  не се задоволни  да ја обжалат и да си организираат нови избори. Илиоски цело време велеше дека ако сака ќе ја затвори седницата, но дека не сака да вика обезбедувања.  Накрај им дозволи на неколку пензионери да присуствуваат на седницата .

-Изборите се одржуваат на секои четири години според статутот, но во август 2016 година статутот е променет. Во член 10- а пишува поради усогласување со статутот на Сојузот на Здруженијата на пензионери на Македонија, терминот предвиден за избори да се продолжи. Ние имаме и препорака од Собранието во Скопје да се усогласиме и изборите да се одржат од 15 декември до 15 февруари. Препораката е затоа што имаме веќе наши делегати во тамошното Собрание, па во Извршен одбор и членови на комисии, а нивниот мандат не е истечен“, рече Илиоски.

Томе Димитовски, пак  уште обвини дека актуелното раководство  на Здружението на пензионери  за цело време работи нетранспарентно.

-Постои незадоволство на огромен број на членови на Здружението зошто сите овие постапки кои се преземени  не се транспарентни и не се одржани седници на ограноците во однос на расправата по измените на статутот. Има и декументација за тоа , еве јас сум подолго време пензионер во мојот месен огранок апсолутно досега не сум повикан, рече Димитровски.

Во Здружението на пензионери на Битола членуваат околу 18 000 пензионери кои секој месец плаќаат по 150 денари чланарина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани