Ноември 16, 2018

Приведен напаѓачот на пратеникот Горан Милевски, кажа министерот Спасовски

Април 03, 2018

Идентификувано и приведено е лицето кое изврши напад врз пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој посочи дека станува збор за лицето П.В. од Скопје, кое од порано и е познато на полицијата.

 

– Знаете дека имаше напад врз пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски. Се преземаа мерки за расчистување на целиот овој напад што се случи. Ние идентификувавме лице. Беше дадено во јавноста за да може да биде препознаен неговиот идентитет. МВР го утврди идентитетот. Лицето е приведено во полициска станица и согласно насоките на Јавното обвинителство ќе се постапува понатаму – рече Спасовски во емисија на Канал 5 .

Според него, МВР очекува од Јавното обвинителство да ги даде насоките за целосно расчистување на овој настан и за откривање на мотивите

Сакам да се знае, додаде тој, дека нема да има толеранција за никакво насилство врз кој било граѓанин, политичар…

Спасовски изрази благодарност до сите граѓани кои доставиле информации и податоци за лицето на фотографијата, која беше објавена во јавноста, и кое се поврзуваше со нападот на Милевски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани