Декември 11, 2018

Почнаа градежните активности за реконструкција на влезот во Битола од страната на Прилеп

Април 10, 2018

По завршување на подготовките, Општина Битола со ЈП „Нискоградба“ ги отпочнаа градежните активности за реконструкција на влезот во Битола од страната на Прилеп. Од општинскиот буџет ќе биат издоени 8,5 милиони денари, а дополнителн средства обебзбеди ЈП за државни патишта.

-Влезот во Битола од страната на Прилеп подолго време беше запоставен, години наназад овој дел  се наоѓаше во програмата за уредување на градежно земјиште на општина Битола, меѓутоа за жал ситуацијата беше таква каква што ја гледавме до денес. Успешно го завршивем лобирањетопред ЈП за државни патишта со кое што во синхронизација со ЈП „Нискоградба“ ќе го уредиме влезот во Битола . Одлучивме да не вршиме само покривање со асфалт на коловозот, туку претходно да го решиме проблемот со атмосферските води, затоа што доколку тоа не го направиме, набрзо асфалтот би се оштетил. Реконструкцијата на сообраќајницата ќе опфати 400 метри канализациска мрежа , тоа е најкритичниот дел каде канализацијата не беше решена, заради што овој дел е најоштетен, а реконструкцијата ќе се изведе до излезот на Битола, во должина од 2,5 километри. Целокупната тендерска постапка ја спроведуваше ЈП за државни патишта., изјави градоначалничката Наташа Петровска.

Булеварскиот влез, пак, ќе се уредува во фази, се до кончено завршување на постапката за експропријација. Додека трае првата фаза од реконструкцијата на коловозот, сообраќајот ќе се одвива со изменет режим, односно, наизменично ќе се вози  по една коловозна лента, а исто така во употреба ќе биде ставена и обиколницата над Битола, каде минатата недела  беа украдени семафорите.

-На обиколницата веќе се изведуваат активностите за поставување на нови семафори за да се пушти за сообраќај, затоа што ако таму имаме застој на  сообраќајот, а овде реконструкцијта е отежната заради изведбените активности, би се појавиле нервози кај возачите. Вака сообраќајот ќе биде растоварен со насочување на возилата преку обиклницата, рече Петровска.

По целосно отстранување на асфалтот, ЈП „Нискоградба“ ќе се пристапи кон изградба на два краци од атмосферската канализација како што е предвидено со основниот проект, а нивна обврска е е и поставувањето на рабници на  коловозот

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани