Трки со мотори среде бел ден во новата населба во битолската Касарна

Април 12, 2018

Наредени мотори на среде коловозот од улицата во новата населба во битолската Касарна, подготвени за старт на трката. Фотографијата е направена денеска во 17 часот, а станарите од околните згради велат дека немаат мир од буката  што се создава, но стравуваат за својата и за безбедноста на нивните деца.

 

-Трките се случуваат на новозиградената улица од потегот кај градскиот стадион до студентскиот дом. Не само што постојано  сме изложени на неиздржлива бука што ја создаваат моторите, туку ова е навистина опасно, затоа што се случува во населено место, каде минуваат возила, велоспидисти, пешаци, а посебно е опасно за децата, вели еден станар.

Претходно жителите секојдневно биле вознемирувани од автомобили кои чкрипеле со гумите вртејќи во круг на ова место.

-Ова со моторите е нова мода, откако по пријава спречивме неподнослива бука, но и опасно вртење на автомобилите во круг, за да остават траги на среде улица кои се уште се видливи, велат станарите.

И денеска случајот го пријавле во сообраќајната полиција, од каде им рекле дека веднаш ќе интервенираат..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани