2win800x200

Апарат за лекување на белодробни заболувања кај децата, донација од „Жито Лукс“ за болницата во Битола

Април 23, 2018

Апарат за лекување на белодробни заболувања кај децата доби како донација детскиот оддел на Клиничката болница д-р „Трифун Пановски“-Битола  од фирмата „Жито Лукс“.

Дониран е преку кампањата „Подарено од срце“ со секој купен леб на парчиња од „Жито Лукс“ се одвојуваа средства наменети за набавка на медицинската опрема која ќе помогне за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми. Покрај битолската болница, компанијата донираше апарати уште во три други здравствени установи, во Охрид, Струмица и во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје.

„Евидентно е дека од година во година расте бројот на деца со респираторни проблеми. Поради зголемениот број пациенти,здравствените домови кои лекуваат деца со белодробни заболувања се соочуваат со недостиг на медицинска опрема неопходна за навремен и правилен третман. Во овој дел бизнис секторот може да одигра значајна улога и затоа, нашата компаниска општествена одговорност ja  насочивме кон подобрување на условите за работа на здравствени установи кои ги лекуваат токму овие заболувања кај децата“, вели Славица Кутаноска, од маркетинг секторот во „Жито Лукс“.

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани