2win800x200

Си го потпали имотот, а без покрив над главата го остави соседот со три малолетни деца

Мај 02, 2018

Битолчанец подметнал пожар во куќата што со братот ја наследиле од родителите, а во која не живеел. Но, огнот проширувајќи се без покрив над главата го остави соседот со три малолетни деца. Огнената драма се случуваше синоќа околу 22 часот на улицата „Љубојно“ во Битола.

31743501 379761285840577 2641045432637063168 n

„Беше страшно! Пламените јазици ќе нѐ проголтаа живи. Кога излегов надвор го прашав брат ми ‘ти ја запали куќата’, одговори ‘јас’. Но, време за расправија немаше зашто морав да ја спасувам болната жена од куќата“. Вака раскажува битолчанецот Ирфан Зејнеловски, обвинувајќи дека брат му синоќа ја запалил семејната куќа на улица „Љубојно“ во Битола, која им била оставена од родителите, а пожарот ја оштетил и куќата на Ирфан позади неа и онаа на соседите.

Ирфан вели дека не знае зошто братот подметнал пожар во куќата, но соседите неофицијално раскажуваат дека претходно имало несогласувања за имотот.

„Јас бев пред врата, тој помина со една кола од тука, од позади имаше две-три туби. Влезе тука во шупата со вода, го стави цревото и го пушти да полни. Зборуваше нешто, внатре растураше. Излезе и се закануваше: ‘Oваа куќа ќе биди цела на државата, или ќе отепам некој или нека ме отепаат,јас овде не живеам, но оваа ќе биди на државата’. Замина, но откако си легнавме слушнав нешто пукна. Син ми свика изглеувате горат куќите“, раскажува сосетката Шазире Хасановска.

Пламените јазици ја зафатија и куќата на соседот Роберт Бајрамов кој невин остана со жената и три малолетни деца без покрив над главата.

„Сѐ ми изгоре и сега каде ќе одам јас? Кај да се засолнам со жена и и три деца? Кога дојдоа да ме разбудуваат соседите јас спиев дома. Ги зедов децата и жената и изглеов надвор.Пожарната дојде после еден час, луѓето тука што беа сите гаснеа. Снема вода во пожарникарското возило. Едниот сосед го манаа со пожарникарското возилото кога враќаа рикверц и му ја скрши раката. Соседите раскажуваа дека го виделе сторителот како фрла со бензин и ја пали куќата“, раскажува Бајрамов.31729723 379761175840588 7839009433454641152 n

(Фото- семејство Бајрами, остана без покрив над главата)

Тој ги моли хуманите битолчани да помогнат со донации да ја подзакрпи куќата и да се засолни со децата. Во пожарот му изгореа и заштедата од 12 000 денари.

Од Пожарната се пожалија дека за време на интервенцијата биле вербално напаѓани и врз нив се вршел мобинг.

„Кога стигнавме на место куќата веќе беше зафатена од пламен. Беше градба од штици и цело време бевме под вербални напади, под закани на група граѓани кои беа таму. Ни се мешаа во работата, физички не не напранда, но вербално да. Не е точно дека сме доцнеле, сега телефоните се паметни, па може да се види кога е бирано и заминато. Кога при крај беше акцијата луѓето сфатија дека тој беше нашиот капацитет и ние се сторивме, меѓутоа друга група на луѓе од нивни прични цело време не напаѓаа, ни претеа и пцуеја“, вели пожарникарот Јоше Влинтовски.

Тој добјаснува дека при интервенцијата возачот на камионот не можејќи директно да се упати во улицата, која била тесна, морал да направи маневр и да оди рикверц. Во меѓувреме му изгаснал камионот и тогаш некоја од соседите ја отворил вратата, овој не го виде тоа и во враќањето рикверц со вратата го повредил.

Командирот на Пожарната единица, Костадин Поповски рече дека во интервенцијата ќе биле поефикасни ако не кубулреле со професионален пожарникарски кадар.31880839 379761125840593 5040949355209555968 n

„Во моментов броиме 21 професионален пожарникар, од пред една недела и денес почнуваат уште осум кои не се професионални зашто се вработени преку Агенција за времени вработувања и немаат сертификат. Во услови на пожар на објекти тие 8 лица не можеме да ги пратиме во акција, Синоќа отидовме 5 лица и едно возило, потоа беше повикано уште едно возило за дотур на вода. Ако бројката на професионални пожарникари беше поголема, ќе отидевме до две возила и две екипи и ефикасноста ќе беше на поголемо ниво“, вели Поповски.

Тој додава дека законски треба да располагаат со 71 пожарникар, но бројката од 40 до 50 пожарникари би била доволна за нормално да функционираат. 31723404 379761235840582 5195763882345365504 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани