Обиколницата над Битола попладне ќе биде пуштена целосно во сообраќај, свлечиштето санирано, семафорите отстранети

Мај 03, 2018

Обиколницата над Битола попладнево се очекува да биде  пуштена целосно во сообраќај, да се тргнат  семафорите и движењето по неа да се одвива без пречки, потврди за апла.мк, државниот инспектор за патишта Сашо Здравевски. Според него градежната  фирма „Илинден “ од Струга вчера завршила со санацијата на свлечиштето, над потпорниот ѕид, такашто нема пречки за одвивање на сообраќајот.

 

Претходно како што соопшти „Македонија пат“ на делот на свлечиштето  се изведуваа градежни работи, за таа цел беше  затворена едната лента во должина од 200 метри. Поради тоа сообраќајот се одвиваше  по една сообраќајна лента за што беше поставена содветна светлосна сигнализација (семафори) која  го регулираше  сообраќајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани