Обновено: Четворицата загинати во сообраќајката кај ресенско се од возилата со битолски таблички

Мај 06, 2018

Полицијата го утврди идентитетот на четирите лица кои загинаа во сообраќајката што денеска околу 17 часот се случи кај селото Крушје на патот Ресен-Охрид.

Во несреќата учествувале три возила, битолски мерцедес и ауди и охридско БМВ.

Според информациите од полицијата загинаа два брачни пара кои што се наоѓале во мерцедесот и аудито.

Станува збор за лицата М.Р ( 1951 ) и М.Р. (1953) и двајцата од Битола, и за брачниот пат од селото Трновци Ц.С (1965) и Д.С ( 1959) кои се наоѓале во аудито, соопштија од полицијата.

До несреќата доошло при судир на трите возила, а според очевидци во тој момент имало големо невреме проследено со силен дожд.

Увидот траеше неколку часа, а патот Ресен-Охрид беше затворен за сообраќај

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани