Фактура од комитската забава на битолските вмровци стасала за наплата во ЈП „Пазари“

Мај 07, 2018

Фактура за извршени угостителски услуги во износ од 8750 денари,  на која е запишано дека била за „Комитска забава“ деновиве стасала на адреса на ЈП „ Пазари“-Битола .

На фатурата стои дека услугите се дадени на 21 јули 2017 година во еден од рестораните во Битола, а доаѓа за наплата после речиси десет месеци.

Иако на фактурата не стојат  други податоци сепак сама по себе укажува на тоа дека една партиска забава  сега треба да се плати со пари на јавното претпријатие, односно пари на граѓаните.

 

Комитската вечер  е една од традиционалните забави во организација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

До пред Нова година директор на ЈП „Пазари“ беше Сашо Стаматов, кадар на ВМРО ДПМНЕ, сега фактурата дојде за наплата кај новото раководство на „Пазари“ .

Медиумите веќе објавија дека инспектори од СВР Битола, по налог на Основното јавно обвинителство минатиот месец влегле во ЈП „Пазари“ – Битола на лице место да извршат увид во финансиската состојба на претпријатието за последните две години. Неофицијално, извори од ОЈО во Битола велат дека увидот следува по пишувањето на медиумите дека бившото раководство за таканаречени „јубилејни награди“ на вработените им поделило близу 18 илјади евра.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани