Наполеон Бонапарта и француските мускетари на Магнолијa (фото галерија)

Мај 09, 2018

 

Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, Колосеумот од Рим и многу други макети кои ги претставуваа перпознатливите обележја на Европа денес „никнаа“ на ученичките штандови на плоштадот Магнолија во Битола. Единаесет основни училишта преку штандови ги претставија архитектонските убавини и други обележја, како и националните кујни на Италија, Франција, Малта, Кипар и Латвија. Учениците од училиштата кои имаа задача да ја претстават Франција, се маскираа како Наполеон Бонапарта, француските мускетари и кралеви. На овој симболичен начин, Битола го прослави Денот на Европа, 9 мај, кога пред 68 години францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман го даде својот предлог за создавање на организирана Европа.32089989 383060342177338 5248103964427157504 n

32187079 383060388844000 3908531363048849408 n

32207818 383060318844007 4910428662043508736 n

32169386 383058715510834 4725429568607879168 n

На манифестацијата учествуваа и дечиња од битолските градинки, хорот „Ѕвончиња“ како и други танцувачки и музички групи.

532238586 383060378844001 4083689007077130240 n32116385 383058942177478 8451238931097190400 n

„Денес го славиме Денот на победата на доброто над злото и го пренесуваме и продолжуваме заветот- злото никогаш да не се повтори. Денес го славиме 9 мај , Денот на Европа, ден кој нѐ обединува во различностите и нѐ потсетува дека постојано треба да бидеме предадени на идејата за обединување, мир и сигурност и дека треба постојано да бидеме предадени на она вистинско збогатување со култура и јазици на различните народи. Нашиот град се приклучува кон прославите од цела Европа. Основците од нашите училишта и најмалите од градинките со својот ентузијазам ја носат Битола во Европа, и Европа во Битола. Битола е Франција, Италија, Латвија, Кипар, Малта, Битола е Европа“, рече заменик градоначалничката Емилија Костурски.

32155813 383059545510751 6112607222422831104 n

32169641 383060145510691 6735795904646742016 n

32186635 383059535510752 1402818649101697024 n

Прославата ја организираа Општина Битола, ЕУ инфо точката и Делегација на ЕУ.

32089622 383060015510704 4973166911488524288 n

32130439 383059852177387 1926370412250267648 n

32231494 383059595510746 3359604366179827712 n32235315 383059152177457 7809828180105101312 n

32215555 383060085510697 4625979716833116160 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани