Во турско првиот весник во Македонија излегувал во Битола

Мај 10, 2018

Првиот весник на територијата на Македонија во турско време излегувал во Битола. Весници во тогашен Манастир се издавале три-четири години пред тоа да се случи во Скопје.

Според информациите што битолскиот студент по новинарство во Анкара, Мартин Николовски, ги испати до нашата редакција, првиот печатен медиум во Македонија во Отоманската империја бил издаден во градот Манастир ( Битола) во 1873 година.

 

Николовски повикувајќи се на турските архиви, посочува дека весникот се викал „Румелија“ и истиот бил на турски јазик.

Тој додава дека вториот весник што исто така се издавал во Битола и тоа следната година, 1884-та, се викал „Манастир“.

„Во Скопје пак, првиот весник бил отпечатен 1877 година и истиот се викал 'Косова' (Косово) кој бил на турски и српски јазик. Искрено не сум запознат дали овој податок го изучуваат студентите кои студираат новинарство во Македонија, меѓутоа сметам дека е од голема важност истиот“, напиша Николовски.

Од почетоците на новинарството, па до поново време Битола со години била расадник на медиуми и новинари. Таа е еден од градовите од внатрешноста која дала најголем број на новинари, камермани,  фоторепортери и други медиумски работници. Тешко е да се утврди точната бројка, но се проценува дека низ битолските медиуми до денес поминале околу 250 медиумски работници.

Сепак, во последнедните години се бележи намалување на бројот на новинари и други медиумски работници, испуштање на дописници, а дел од дописните екипи немаат работни простории, па се принудени да работат од дома.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани